Единиците се дел од Операцијата Сентинел, која беше започната пред некоја година како реакција на француските власти на терористичките напади во земјата. Од тогаш до денес овие единици редовно патролираат низ француските градови.
Алиби за нивното распоредување за време на протестите е зголеменото ниво на насилство во саботата, заради што владата чувствува потреба да се воведат вонредни мерки за заштита. Во последните неколку изданија од протестите небото над Париз беше зачадено од пожарите што дел од демонстрантите (крајно левиот „црн блок“) ги предизвикаа палејќи банки, државни згради и луксузни продавници и ресторани.
Операцијата Сентинел започна во јануари 2015 по терористичкиот напад врз Шарли Ебдо, и денес опфаќа 10.000 војници и 4.700 полицајци.
За да не изгледа премногу на воведување воена состојба, војската само ќе стражари пред објектите и нема да биде искористена во акциите за смирување и разбивање на демонстрантите.