На индиско кралско семејство вратена му е контролата врз храмот Шри Падманабхасвами, едно од најбогатите верски собиралишта во светот, со богатства (за кои се знае) проценети на 20 милијарди долари.
Глобалната здравствена криза го разоткри пандемискиот проблем на сиромаштијата во која живеат милијарди луѓе на светов, феномен кој често е прикриван со заведувачки бројки од Светската банка кои не значат ништо суштинско за тоа како се живее на оваа планета.
Туркменистан им препорача на своите граѓани да носат маски. Но, бидејќи земјата сака да остане верна на приказната дека во неа нема ковид-19, потребата од носење маска владата ја оправда со тоа што имало многу прашина во воздухот. Препорачано е и да се држи социјална дистанца. Ете така, без објаснување.
Трендот започна во обид јавно да се посрамат луѓето што без маски влегуваат во продавници и општо не ги почитуваат насоките за заштита од ковид-19. Меѓутоа освен привремен сеир, ништо од ова немаше никаков опиплив резултат.
Професор од Харвард: Држава која не може да ги убеди сопствените граѓани да носат маски, нема што да се занимава со рушење странски влади и убедување странски граѓани како да ги сменат своите погледи и како поинаку да си го организираат општеството и живеачката.
На 4-ти јули, раперот, моден дизајнер, сопруг и татко, Канје Вест, објави дека се кандидира за претседател на САД, и за сега тоа му е само теоретски остварливо.
Почнувајќи од четврток на полноќ цел Мелбурн се затвора, а жителите на вториот по големина град во Австралија ќе смеат да излезат од дома само за да одат на работа, до продавница, ако се грижат за некое лице или за да вежбаат. Мерките се воведуваат откако 6,4-милионската сојузна држава Викторија во вторникот имаше рекордни 191 нов случај.
Се викаат НФАК (Not F**king Around Coalition) а една од работите околу кои не се заебаваат е дека САД треба да им предадат дел од својата територија на која тие ќе формираат црнечка етно држава во рамките на САД. Исто така сакаат да се знае дека, сите се екс-војници и одлични стрелци.
Кај изгуби неколку месеци кампања заради коронавирусот, и дремеше додека неговиот противник секој ден беше пред сите можни камери, и кога тргна во кампања, впечатокот на Опсервер е дека досегашниот настап на Бајден е блед, посебно кога карши себе го има бескрупулозниот Трамп.
Прво да нагласиме дека ова не е решение за ништо во животот, но берлинското претпријатие за јавен превоз ги замоли своите патници сред лето да престанат да користат дезодоранс под мишка, како сите би почнале да носат маски.
Се работи за енкриптиран телефонски систем што работи на посебни уреди кој криминалците низ Европа го користеле за безбедна комуникација на најразлични зделки од убиства до продажба на дрога. Германската и холандската полиција пред некое време го пробија системот.
Ни најмалку разубедени од предупредувањата на СОЗ дека пандемијата не е ни блиску до крај, во Прага се организираше забава за симболично испраќање на вирусот.
Пар белци, најверојатно брачен, излезе со автомат и пиштол пред својата (луксузна) куќа во Сент Луис за да ја пречекаат поворката демонстранти кои во тоа време минуваа низ нивно маало.
Планот на британската влада да инвестира стотици милиони фунти во сателитска броудбенд компанија за експертите е „безвезен“ бидејќи компанијата која ќе ги добие парите не го ни произведува типот на сателити што ѝ е неопходен на земјата по брегзит.
Само неколку часа откако светот го достигна прилично шокантниот праг од 10 милиони случаи на ковид -19, стигна нова рекорд - 500.000 мртви. Тоа значи дека жртвениот биланс се има дуплирано за само седум недели. Македонија својски се труди да биде една од најлошите.
Како мерка против ширење на епидемијата гласањето во Русија ќе трае 7 дена, а со него треба да се комплетира проектот за продолжување на владеењето на Владимир Путин и отворање пат за тој да остане на власт до 2036. Во 2036 Путин ќе има 83 години.
Парчето јаже откриено во гаражата на НАСКАР возачот Баба Волис, кое беше протолкувано како закана за негово линчување и потоа беше основа за наплив на (оправдани) осуди и поддршка, всушност служи за кревање на вратата на гаражата и таму е уште од лани.
Секој фатен како се обидува да собори статуа или споменик ќе биде уапсен, и за тоа би можел да лежи до 10 години затвор, a затоа што ова само по себе не е доволно трамповски потег, американскиот претседател најави дека наредбата ќе важи и „ретроактивно“.
Дел од Сиетл веќе некое време се води како зона без полиција окупирана од вооружени демонстранти, и ова до сега главно беше дозволено по линија на „нека им пројде меракот“. Викендов во зоната беа застрелани три лица, а со тоа и зоната почна ситно да брои.