Свет

Кај Индија преку ноќ се реинкарнираше потребата од руски одбранбен систем

Една посериозна 'рчка со Кина подоцна и индиските власти инстантно се вратија на вршење притисок за што поскора испорака на рускиот С-400 одбранбен систем, кој до сега не го брза од атер на САД и Трамп.

Американско - кинеска престрелка на Твитер

Веста гласи дека Вашингтон е разочаран што Кинезите не се појавија на разговорите за нуклеарно разоружување во Виена па ќе мора светов да се спасува само со нив и Русија. А и столчиња им обезбедиле и знаменца им ставиле. Кинезот вика, чекај малку.

Внуката на Трамп на крај ќе може само за себе да напише книга

Мери Л. Трамп му е внука на Доналд од постариот брат Фред, и Мери многу сака на цел свет да му каже какво ѓубре е чичко и, само што веројатно нема да може затоа што од тоа се откажала уште пред 20 години.

Трамп би можел да се сретне со Мадуро

Откако ниту поддршката на една дипломатска величина како Никола Димитров не помогна во етаблирање и зацврстување на позицијата Хуан Гуаидо како лидер на Венецуела, Трамп одлучи дека би можел да се сретне и со избраниот лидер на земјата, Николас Мадуро.

Тајкунски маки големи

Во Куршевел, еден од најлуксузните ски-центри на француските Алпи, има идентично луксузна вила (од дрво) во вредност од 31,7 милиони евра, и сопственик тајкун кој не може да докаже дека е негова.

Каде е епидемијата на ковид-19 на протестите на БЛМ?

САД и понатаму се дават во новозаболени од коронавирус, и понатаму се на првиот бран без абер за стишување, меѓутоа овие бројки не се поврзани со протестите на БЛМ, и три недели по нивното започнување.

Масовната тепачка од која може да започне Трета светска војна

Тепачката меѓу индиските и кинеските војници вклучувала пендреци обвиени со бодликава жица и неколку индиски војници турнати во планинските бездни на Хималаите.

Тројца њујоршки полицајци отруени со варикина во сендвичара

Веста ја објавија две здруженија на њујоршки полицајци според кои тројца нивни колеги завршиле со труење откако во понеделникот пиеле милк-шејкови од Шејк шак ланецот за брза храна во Менхетен. Според полицијата, шејковите најверојатно биле затруени со варикина.

Северна Кореја знае како се почнува 'рчка

Целосно намерно и планирано, Северна Кореја ја крена во воздух заедничката канцеларија за врски со Јужна Кореја, која се наоѓа во близина на пограничниот град Каесонг.

Италијанскиот премиер на сослушување за справувањето со ковид-19

Премиерот Џузепе Конте, министерот за здравство и министерката за внатрешни работи на Италија ќе бидат сослушувани од јавниот обвинител на земјата за начинот на кој владата реагираше и се справи со пандемијата.

Колку застрелани црнци се доволно застрелани црнци?

По зборовите на луѓе од американската полиција, американската полиција застрелува помалку Афро-Американци отколку што треба би требало.

Каде плови овој свет?

Кога ќе видиш дека луѓе се борат за рамноправност и фер живот, знаеш дека тоа е твојата страна. Но, кога ќе видиш дека на истиот тој бран настрадуваат и Мики Маус или „Одвеано во виорот“, тогаш не ти е баш најјасно што се случува и како дојде до ова. Неколку цртички од актуелноста кои „makes you go hmmm.“

Олимпијада ќе има ама ќе биде издишана

Токио 2020, што ќе се одржи во јули 2021, ќе биде „упростена“ Олимпијада најави првиот човек на организацискиот комитет.

Викендов во Лондон битка за спомениците?

Автобуси полни со крајно-десничарски демонстранти наводно планираат за викендов да пристигнат во Лондон каде имаат закажано „одбрана“ на спомениците во градот, а ќе ги бранат од демонстрантите на БЛМ (Black Lives Matter) кои веќе имаат неколку соборени статуи.

Викендов во Лондон битка за спомениците?

Автобуси полни со крајно-десничарски демонстранти наводно планираат за викендов да пристигнат во Лондон каде имаат закажано „одбрана“ на спомениците во градот, а ќе ги бранат од демонстрантите на БЛМ (Black Lives Matter) кои веќе имаат неколку соборени статуи.

Во Вирџинија соборен и Колумбо

Иако со години брендот Кристофер Колумбо стануваше се поконтраверзен заради сè што се случува по неговото „откривање“ на Америка, ликот главно беше оставен на раат заради политичка коректност и моќ на италијанското малцинство. Овој пат тоа не помогна.

Чеченски субвенции за купување невести

Чеченскиот лидер Рамзан Кадиров објави планови за донирање на 10,3 милиони рубљи за да им помогне на чеченските беќари со финансиски проблеми (предизвикани од пандемијата) да купат невеста за женење.

СЗО: Асимптоматско ширење на ковид-19 е „многу ретко“

Пренесувањето на коронавирусот од луѓе кои не покажуваат какви било симптоми е „многу ретко“ објави СЗО, оспорувајќи го сеприсутното верување меѓу здравствените власти и научници дека вирусот го шират и луѓе кои не покажуваат какви било знаци на заболеност.

Амстердам ќе се врати од ковид-19, курвите и дрогата може и не

Како што епидемијата ги испразни улиците на Амстердам од туристи, така амстердамци сфатија дека по сите овие години терање туризам во центарот на градот не останало ништо интересно за локалците. И сега сакаат тоа да го сменат, само проблем им е што туристите годишно оставаат по 6 милијарди евра во градот.

Меркел нема абер дека Трамп ќе повлекува американска војска од Германија

Ниту германската канцеларка, ниту нејзината влада немаат добиено официјален допис од Вашингтон околу планот за повлекување на американските војници од Германија.

Минеаполис ќе ја распушти целосната полиција во градот

Со девет од вкупно тринаесет гласови на градскиот совет одлучено е распуштање на полицијата во Минеаполис (чиј припадник го уби Џорџ Флојд) и нејзина изградба од нула како „нов модел на јавна безбедност“.

Експерти на О.Н: Современи расно мотивирани линчувања во САД

Десетици експерти за човекови права на Обединетите нации направија директна паралела меѓу денешните убиства на невооружени црнци од страна на американската полиција со расните линчувања на црнци од почетокот на 1900-те.

Черчил заврши како Чаушеску

Настрада статуата на Винстон Черчил во Лондон која од протестантите кои подржуваат „Black Lives Matter“ беше нагрдена со истата страст со која толпите храбро се пресметуваа со статуите на Чаушеску, Ленин, Гадафи, Садам.... За едни ова е сквернавење на еден од најзаслужните историски ликови во победата на фашизмот. За други, ова е само апдејтирање на Черчиловото CV.

А животи на авганистански дечиња, метер ли?

Во само 10 воздушни напади во Авганистан, Американците имаат убиено најмалку 70 деца. Иако борбената мисија официјално одамна им е завршена, лани истуриле рекорден број бомби и гранати врз таа земја - преку 7.000.