Протестите против изборите од 9 август и победата на Лукашенко до сега имаат биланс од 2 починати, стотици повредени и 7.000 притворени.
Ништо од ова немаше да биде возможно без безбедносните сили на земјата, па Лукашенко одлучи да награди припадници на специјалните сили, возачи на полициски марици, затворски чувари и други истакнати припадници на оваа фела.
Наредбата е со датум од 13-ти август, последниот ден во кој сите овие безбедносни структури беа активно вклучени во стишување (претепување + апсење) на протестите.
По притисоците од ЕУ, министерот за внатрешни работи на Белорусија на државна телевизија се извини за апсењето на толку многу недолжни луѓе.
Од приведените, само уште 122 лица се уште се држат во притвор.