Каде е полицијата која сакаме да ја распуштиме?

Градскиот совет на Минеаполис му се пожали на првиот полицаец дека не се задоволни од сеопштиот пораст на криминалот во градот и бара одговори што прави полицијата во врска со тоа. Истиот тој совет пред неколку месеци гласаше за распуштање на полицијата.

Локалната власт во Минеаполис пред некоку месеци навистина гласаше за распуштање на полицијата со идеја дека наместо неа, треба да се формира некаков си департмент за превенција од криминал и безбедност на заедницата. Тоа подоцна заглави во процедури но политичката волја беше јасно изразена. 

Деновиве го викнале првиот човек на тамошната полиција да му кажат дека не се задоволни со порастот на криминалот кој во меѓувреме процвета во градот. Пораснати се сите стапки на криминал: кражби на автомобили, пљачкања на домови, физички насилства и пукања.За осум месеци од оваа година се убиени повеќе луѓе отколку во целата претходна а подметнатите пожари бележат раст од 55%.

Беззаконието оди дотаму што локални битанги им наплаќаат на луѓе да ги пуштат да излезат од дворот на својата куќа.

Сега советниците го прашувале шефот на полицијата Медарио Ародандо  каде е во сето тоа полицијата и зошто се случува таков криминал во градот. Му рекле дека, пази богати, некои граѓани се чувствувале тероризирани а полицијата не интервенирала.

Од своја страна, Ародандо ги информирал советниците дека од почетокот на оваа година, најмалку 100 полицајци од градот доброволно ја напуштиле службата.

17 септември 2020 - 15:57