Маските повеќе штитат од вакцината?

Директорот на американскиот центар за заразни болести и превенција процени дека маските нудат поголема заштита од ковид-19 отколку што ќе понуди толку очекуваната вакцина. Не сите се убедени во тоа.

Првиот човек на центарот вели дека маските кои сега се носат гарантираат поголема заштита од коронавирусот отколку вакцината која се очекува бидејќи таа нема кај сите да ја предизвика саканата имунолошка реакција.

„Овие маски се нашето најзначајно и најмоќно оружје кое го поседуваме. И ќе продолжам да апелирам до сите наши граѓани да ги носат. Ако ги носиме, 6,8, 10 или 12 недели, ќе ја ставиме пандемијата под контрола,“ изјави Роберт Редфилд.

Вели дека маската која ја носи ќе му обезбеди поголема заштита дури и кога ќе биде вакциниран бидејќи нејзината ефикасност може да биде 70% и да нема имунолошка реакција. Во таков случај „вакцината нема да ме заштити, ама маската ќе ме заштити“, порачува Редфилд.

Како што е познато, Русите веќе ја одобрија нивната вакцина, Кинезите имаат своја варијанта а неколку потенцијални вакцини, меѓу нив и оние на Оксфорд и Модерна се во третата фаза на клиничките испитувања.

Редфилд проценува дека до крајот на оваа година САД ќе имаат вакцина но во ограничени количини а дека таа ќе биде масовно достапна во третиот квартал на 2012 година.

Еден јунски преглед на 172 студии на таа тема резултираше со заклучок дека носењето маска може значајно да го намали ризикот од инфекција.

Сепак, не сите се убедени во користа од носењето маски што стана задолжителна препорака во многу земји.

„Ако го споредиме борот на умрени во Хрватска два месеца пред воведувањето на маските со бројот на умрените по донесувањето на обврската, добиваме дека бројот на умрени после маските се има зголемено за 326,9 проценти“, пишува хрватски Либерал.

Како примери кои ја оправдуваат таквата сомничавост се наведуваат балтичките земји. Литванија воведе законска обврска тие да се носат во сите затворени простори а некаде и на отворено. Латвија и Естонија не донесоа таков закон. А ситуацијата е ваква:

16 септември 2020 - 22:59