Маорите сакаат Нов Зеланд да го смени името

Партијата на Маорите во Нов Зеланд бара државата да го смени името за да ѝ се оддаде почит на нејзината оригинална, автентична култура. Предлогот им е Аотеароа.. А си имаат тие и посериозни гајлиња.

Аотеароа на нивниот те рео јазик значи „земјата на белиот облак“ и Маорите сметаат дека со тоа име, земјата подобро ќе ја рефлектира домородната култура.

Со 16,5 проценти, Маорите се најбројното малцинство во земјата а заедно со англискиот јазик, нивниот е официјален јазик на Нов Зеланд. 

Маорите со години тврдат дека поради доминантноста на англискиот јазик, маорскиот денес го зборуваат само 3,5% од луѓето.

Премиерката Јасинда Ардерн не се спротивстави директно на предлогот но нејзините политички ривали го сметаат за предизборно бркање поени и се убедени дека секакво реименување ќе доведе до конфузија и економски штети.

Името Нов Зеланд потекнува од холандската колонијална ера, кога земјата доби име по холандската провинција Зееланд.

********

Види и:

Оние кои го губат јазикот, го губат и здравјето 

15 септември 2020 - 13:48