Балкан

Албански плебисцит против крвната одмазда

Околу 500 семејства во Албанија, 140 на Кoсово и непознат број во Македонија живеат во домашен притвор страхувајќи дека некој нивен член ќе биде убиен во знак на крвна одмазда. Сега меѓу Албанците се собираат потписи кои ќе се толкуваат како беса дека се откажуваат од овој начин на терање правда.

Како САД му се одмаздија на Коштуница

Кога Американците добиваат информација дека Коштуница го одобрил упадот на американската амбасада во Белград, тие решаваат дека ќе го казнат и тоа уште на следните избори. За целиот план имаат рок од 5 месеци.

Словенија ги продава патиштата

Давањето на државните автопатишта под концесија е првиот сериозен чекор на словенечката Влада за да се избегне банкротот кој го најави самиот премиер. Јанез Јанша одамна сака да се реши и од државниот Телеком но загубите би биле огромни.

Кога животот е грчка криза

По 17 години работа со продажба на фармацевтски материјали, 40 и нешто годишен Грк, заедно со остатокот од земјата паѓа во криза. Решението смета дека ќе го најде во Шведска. А таму, плочки, многу плочки.

Грците по 6 дена на работа

Европската комисија, Европската централна банка и ММФ имаат едно унифицирано барање за Грците - има да работите 6 дена во неделата.

Бегалка на романски начин

Една од форите на свадбите во Романија е киднапирање на невестата за време на веселбата. За несреќа на добар дел од младоженците, до сега сите невести се спасени.

Сестринство - единство

Некогашното братство - и единство кое царуваше на овие простори го оживеаа жени и тоа  од порно светот. Под режисерско водство на еден Словенец, снимен е порно филм во кој немирни извиднички глумат словенечки, хрватски и српски порно глумици. Исто како и на АВНОЈ, нас не нема.

Кога Информбирото ќе стивне

Неколку децении наназад се распаѓа озлогласениот Голи Оток, местото во кое окапуваа некогашните непријатели на народот и на комунистичката власт. Младата општина Лопар сега сака да му го врати "сјајот" во туристички цели: ќе нуди преспивање во затворот и врвно еколошко јагне.

Кога баба ти има муда

Неколку месеци по земјотресот во Перник, баба од околината на градот оди на состанок со премиерот Бојко Борисов. Го нокаутира во прва рунда.

Одвикнување од живот

Српскиот проторереј кој пред неколку години ја ужасна балканската јавност со бруталните методи за одвикнување од наркотици кои се применуваа во неговиот Центар во Црна Река, ја заокружи својата педагошка школа со трагичен епилог: со шипка по глава убил штитеник кој му се видел дека уште зема дрога. 

Даночен столб на срамот

Хрватска реши да го објави целосниот список на правни и физички лица кои не ги платиле своите давачки кон државата. Првите сто фирми вкупно должат 226 милиони евра. ХРТ е втора.

Молчењето не е злато

59 годишниот Стојан Ѓуриќ е погребан на нишките гробишта до својата ќерка која со пиштол ја убил пред неколку дена. Ова не е приказна за човечката монструозност туку за очајот на семејствата кои имаат членови со тежок хендикеп и за слепилото на околината и институциите.

Јеремиќ ќе ги ошури Србите?

Вук Јеремиќ негираше дека бара 7 милиони долари за да го истера 1-годишниот мандат како претседател на Генералното собрание на О.Н. По истрагата и Блиц го потврди ова, човекот не бара 7, туку 7,3 милиони долари.

2% од Грците се таман

Наспроти се она што се збори по светот за Грција и кризата, 2% од населението верува дека економијата на земјата е - ОК.

Грција топтан ќе се продава

Во последните 3 години Грција собра нешто помалку од 1 милијарда евра од приватизација. Сега има фора до 2015-та да собере 15 милијарди евра.

Словенечки банки пред пропаст

Шпанските банки се пред колапс заради тоа што имаат 8,7 проценки лошо пласирани кредити на кои не можат да сметаат. Словенечките таа граница одамна ја имаат поминато и живеат со товар од 12 проценти лоши пласмани. Особено е трусна НЛБ од која зависи една третина од словенечката економија.

Видимо се на Фејсбук?

Во Црна Гора направија рација на затворот во Подгорица, откако еден затвореник објави свои фотографии на Фејсбук. Во Србија, објавија ценовник колку чини логирање на Фејсбук. Користењето на Форсквер, во овие услови изгледа глупаво.

Нолетеј

Да беше според македонските стандарди, ќе беше деволно да му се стави само фереџе. Во Србија ги прават одново. Авторот на восочната фигура на Новак Ѓоковиќ изработува втора скулптура, откако на првата му се изнасмеа цела држава.  

Мајсторе, задња!

Низ Романија можете да превезувате камион со стока и да не застанете никаде а кога ќе стигнете, сепак да имате празен камион. И ништо да не ви биде јасно. 

Со рамноправноста се претера

По жестоките реакции од јавноста, вклучувајќи ја и самата ЛГБТ популација, организаторите на Загреб Прајд го повлекоа спотот во кој наместо рамноправност, се промовира спалување на хетеросексуалци.

Последниот јуриш на Елефтеротипија

Весникот престана да излегува во декември, плата немаат примено од август, меѓутоа речиси целата редакција на Елефтеротипија се врати за објавувањето на последното специјално издание.

За Скопје нејќеме ни да помислиме

Доколку на Загреб би му се случил земјотрес со слична јачина на оној кој деновиве ја погоди северна Италија, се проценува дека главниот град на Хрватска би останал без 50.000 згради.

Милионерка на социјална помош

Постара Словенка тргнала во банка за да ја подигне својата социјална помош, на шалтер и рекле дека на сметка има - 16 милиони евра.

Парите на Грците немаат раат

Сите оние вести што ги прочитавте за тоа како Грците ги повлекуваат парите од банките, изгледа во исто време стигнале и до грчките крадци.