Јеремиќ ќе ги ошури Србите?

Вук Јеремиќ негираше дека бара 7 милиони долари за да го истера 1-годишниот мандат како претседател на Генералното собрание на О.Н. По истрагата и Блиц го потврди ова, човекот не бара 7, туку 7,3 милиони долари.

Наместо 5.000 долари плата колку што Јеремиќ тврдеше дека ќе има, Блиц објави дека тој месечно ќе заработува два пати повеќе. На ова плус треба да се додаде и киријата од 15.000 долари месечно за станот во кој ќе престојува поранешниот шеф на српската дипломатија.

Плус на ова има и трошоци од 6.000 долари месечно за возачот на Јеремиќ. За време на мандатот (до октомври 2013-та), за гориво и канцелариски материјал, тој побарал 280.000 долари, а за селидба уште 112.000 долари.

Во документите што ги открива Блиц, се тврди и дека Јеремиќ побарал 375.000 долари за репрезентација, а за печатачи, телефони и фотокопир, му требаат уште дополнителни 300.000 долари.

За барањето на Јеремиќ, првиот човек на Српската напредна странка порача "тоа тек ќе видиме," а претседателот на Србија, Томислав Николиќ изјавил дека прво треба да се види дали земјата ги има тие пари, бидејќи ако ги нема "нека си најде Генералното собрание некој друг да го води."

13 јули 2012 - 12:51