Овие 15 милијарди се добиени по ревидирање на оригиналните 50 милијарди што Грција првично вети дека ќе ги собере до 2015-та, во замена за помошта од ЕУ.
На списокот на фирми кои чекаат продавање е националната железница, која и до сега беше проблематична заради долгот од 11 милијарди евра. Потоа, државното електростопанство, за чија продажба имаше големи политички проблеми а постои опасност и од штрајк на вработените, кој би довел до масовно гасење на струјата и штрајкови.
Освен овие, новата влада има список од 26 државни компании кои чекаат да бидат приватизирани и да ги донесат планираните пари.
На страна парите што треба да ги соберат од приватизација, Грците треба годинава да го намалат буџетот за 3 милијарди долари, а во идните две години за дополнителни 11,5 милијарди долари.