Најголем должник е извесна фирма Темпо, втора е јавната радиотелевизија а трета хартиената индустрија Пан која е во стечај.
Големи суми должат и Певец и Вартекс, како и организацијата Хвидра, задолжена за згрижување на воените инвалиди.
Објавениот список (тука) е прилично детален, со поединечни списоци за сите видови давачки а на нив се наоѓаат и физички лица и компании и спортски клубови.
Од физичките лица најголем должник на државата е извесен Звонимир Станчиќ кој на државата заборавил да и плати 8,1 милион евра.
По сите овие основи, хрватската држава има вкупно ненаплатени 5,58 милијарди евра.