Зоран Миладиновиќ од село во општината Куршумлија, за прекршокот ќе мора да плати казна од 3.000 динари.
"Како и секој ден ја носев стоката на пасење. Тогаш наидоа двајца полицајци кои имаа некоја работа во село. После краток разговор еден од нив ме праша дали имам лична карта. Се зачудив и им објаснив дека сум овчар и дека често пати се случува да накиснам со стоката додека сум на планина, па не ја носам личната карта за да не се распадне од вода," објаснил Зоран.
Полицијата не го прифатила неговото објаснување, а еден од полицајците дури му ја покажал и својата лична карта, за да му докаже дека документот треба да се носи и во планина.
По ова, полицајците продолжиле по процедура па му рекле на Зоран дека треба да го казнат и за тоа што кучињата немале заштитни маски.
"Им објаснив дека кучињата ме штитат мене и стоката од волци, и ако им ставам маски, можам само да се сликам со нив," раскажува Зоран.
Во судот за прекршоци во Куршумлија потврдиле дека Миладиновиќ е казнет со 3.000 динари, заради прекршување на законот.