Како што паѓаше кредитниот рејтинг на Грција, паралелно се намалуваше и кредитниот рејтинг на компаниите во земјата. Ова беше главната зошто компанијата FAGE реши да ја напушти Грција и централата да ја пресели во Луксембург. Претходно истото го направи и Кока-Кола Хеленик, која се пресели во Швајцарија.
Моментално кредитниот рејтинг на ФАГЕ е "Б" ( кој се категоризира како крајно шпекулативен) кое е претпоследното ниво пред паѓање во класата "Ц" која веќе се смета за ризична.
Освен ова, преселувањето во Луксембург ќе му овозможи на ФАГЕ да работи и по пониски даноци и во постабилна околина.
Инаку, компанијата речиси 30% од своето производство го продава во Грција.