"Не можам веќе да гледам како детето ми се мачи. Сега одам и сам да се убијам," стоело во проштелното писмо на Стојан кој со неколку истрели од оружје ја усмртил својата 35 годишна ќерка Сања која повеќе од 30 години ја негувал со најголема љубов и внимание. Телото му ед пронајдено неколку дена подоцна во коритото на Нишава.
Никој од соседите не знае како изгледала Сања бидејќи била прикована за кревет, со тежок инвалидитет и ментална ретардација. На една ипол годишна возраст заболела од менингитис кој оставил тешки и трајни последици по нејзиниот развој.
Борејќи се со чувствата од двојната загуба, мајката и сопруга Јадранка сепак наоѓа добри зборови за Стојан: "Не го нарекувајте убиец. Вие не знаете низ што сè минувавме. И колку страдаше тоа наше гревче и ние двајцата со неа," им рекла Јадранка на новинарите.
Соседите го знаат Стојан како исклучително кроток и добар човек. Кога не по своја вина ја изгубил работата како продавач во трафика, се тешел дека барем ќе има повеќе време да ја негува својата ќерка.
Сања била упатена единствено на грижата на своите родители. Според мајката, во последно време трпела и ужасни болки што најверојатно била поводот Стојан да се реши на ваков трагичен епилог на својата родителска љубов.
За сите тие 30-тина години, семејството Ѓуриќ само двапати стапило во контакт со институциите надлежни да им помогнат на семејствата со слична судбина.