На средбата, Борисов и дал плик со пари на извесна Павлина Евтимова од село Драгичево, како некаква симболична помош (колку една министерска плата). Таа, му дала поглед и корпа, враќајќи му го пликот и барајќи да им помогне на сите.
Таа му порачала, дека не само тој, туку сите министри и пратеници треба да подарат по една плата за настраданите во земјотресот. А кога ќе ги собере парите, да ги товари во авион и да отиде во Перник и да го подели меѓу народот.
Од владата објаснуваат дека до сега во погодената област се инвестирани 6 милиони евра.
На 22-ри мај во 3 часот наутро, Перник и регионот беа погодени од земјотрес од 5,8 степени по Рихтер. По ова до 4.30 следуваа уште 2 земјотреса еден од 3,1 степен и еден од 4 степени по Рихтер.