2% од Грците се таман

Наспроти се она што се збори по светот за Грција и кризата, 2% од населението верува дека економијата на земјата е - ОК.

Во истражувањето на PEW аналитичкиот центар, два проценти од испитаниците изјавиле дека земјата е "во добра економска ситуација." Двата проценти исто така се задоволни и со правецот во се движи нивната земја.

Веројатно единствени што се по оптимисти од Грците се Шпанците, од кои цели 6% немаат проблем со економската ситуација во земјата.

Во Европа, со 73% најзадоволни од сопствената економија биле Германците, а од остатокот на светот само уште во Кина и Египет над половина од испитаниците се задоволни од правецот во кој се движи нивната држава.

Најгневни на сопствените власти (со просек над 90) проценти биле: Пакистанците, Индијците, Мексиканците, Јапонците, Чесите и Полјаците.

13 јули 2012 - 12:22