Во својата нова книга, тогашниот амбасадор на САД, Камерон Мунтер, објаснува дека кога се појавиле доказите дека српскиот премиер Воислав Коштуница лично го одобрил нападот, тој одлучил дека "ќе се осигура дека премиерот ќе го нема" и дека "најдобрата одмазда е да се направи се овој лик да ги изгуби следните избори," кои биле закажани за 5 месеци од настанот.
Мунтер утврдил дека клучно за слабеење на позицијата на Коштуница е губењето на поддршката од Социјалистичката партија на Србија, во тоа време предводена од Ивица Дачиќ.
"Го натеравме да му го сврти грбот и го направивме во про-европјанин. Не го потплативме, само го убедивме. Она што навистина ни требаше беше меѓународен легитимитет. Па направивме договор со тогашниот шпански премиер Запатеро и идниот грчки премиер Папандреу, кој ја раководеше Социјалистичката Интернационала, да го поканат Дачиќ на гости. Таму се јадеше и се пиеше, а тие на Дачиќ му рекоа дека ќе му дозволат да се приклучи кон Социјалистичката интернационала, доколку стане дел од про-европските сили во земјата. И тој прифати. Му го зари ножот на Коштуница во грб," пишува Мунтер во книгата America's Other Army: The U.S. Foreign Service and 21st Century Diplomacy.
Американците биле свесни дека признавањето на Косово ќе предизвика немири во Белград и затоа со време ги превземале сите мерки во соработка со српската Влада. На денот на немирите, пред амбасадата се распоредени специјални полициски сили, кои "необјасниво" си заминуваат само неколку моменти пред да дојде толпата.
Наскоро амбасадата е во пожар а толпата веќе влегува во објектот. Иако маринците во тој момент имаат право да пукаат во напаѓачите, тие истрелуваат само неколку рафали во воздух, "Многу бев импресиониран што Маринците знаеа да донесат права одлука а во исто време и да ја одбранат амбасадата," изјавил Мунтер за настанот.
Знаејќи што се подготвува, целиот персонал уште претходно е евакуиран од амбасадата, а во неа останува само мала екипа, вклучувајќи го и амбасадорот Мунтер. Додека толпата се обидувала да влезе во амбасадата, Американците почнале со уништување на милиони долари вредната опрема за комуникација, што е стандардна процедура во овие случаи.
Следниот ден околу три четвртини од персоналот и сите членови на семејствата се евакуирани од Белград и се сместени во Загреб.
"Веќе имавме најдено сместување во хотели и работни места во амбасадата во Загреб. Дури имаше место во Американското училиште во Загреб за нашите деца," објаснува Мунтер.
Мунтер ја постигнал својата одмазда, Коштуница ги изгуби изборите, партијата на Дачиќ не се приклучи кон Социјалистичката Интернационала, ама затоа стана заменик премиер на Србија, а подоцна и премиер.