Блумберг ја пренесува приказната на Телемахос Карахалиос, некогаш костумисаниот продавач на лекови на големо, кој соочен со 25-процентната невработеност и општата криза во земјата, заминува во Шведска, каде работи како чистач на тоалети во едно училиште.
"Тоа беше одлична работа... А сега чистам шведски г....," изјавил Карахалиос. "Можеш да планираш, можеш да организираш, можеш да правиш планови за 10 или 20 години, ама никогаш не знаеш што ќе донесе животот."
Главниот лик на приказната раскажува дека неговите проблеми почнале во 2010-та, кога владата им наредила на производителите на лекови да ги намалат цените за 27%. За да ги намали трошоците, неговата компанија ги отпуштила сите продавачи, а менаџирањето на сите клиенти паднало на неговиот шеф.
Прво решава да оди за Австралија, но се откажува бидејќи процесот за имигрирање е многу скап. Тој има пријател во Шведска, претходно ја има посетено земјата и знае за нејзината репутација.
"Знам дека се одлично организирани. Секој плаќа даноци и се е фер. Нема лажење," изјавил Гркот.
Кога стига во Шведска неговиот пријател му помага да најде сместување. Гарсоњерата го чини 670 долари месечно.
Во Стокхолм наоѓа работа како чистач, и заработува 1.900 долари месечно. Претходно во Грција, работи за помеѓу 3.100 и 3.700 долари месечно.