Бранислав Перановиќ го убил штитеникот Небојша Зарубац (1973-та) во дворот на центарот Јадарска Лешница, кај Лозница, западна Србија. Веднаш е уапсен. Единствената причина за убиството е што Перановиќ се посомневал дека Зарубац и натаму користи дрога.
На Перановиќ му се суди за случувањата од 2009-та година во Центарот Црна Река но на пресудата се уште се чека па во меѓувреме тој продолжил со работа во центарот во Лешница.
Расчинетиот протоереј своевремено негираше дека во неговиот центар се користи ќотек но откако на виделина излезе видео снимка на која се гледа дека затворениците се претепуваат со лопати, Перановиќ тврдеше дека ќотекот има терапевтска функција и дека се користи во оправдани случаи.
"Никогаш не престанав да се занимавам со спасување на душите на оние браќа кои потклекнале," гордо изјавуваше Перановиќ.
Документарецот на Б92 за случувањата во центарот под управа на Бранслав Перановиќ: