Балкан

Модерна Грција и 185 години странска помош

Во ниту еден момент од формирањето на грчката држава во 1830-та таа не била оставена сама на себе, и постојано добива поддршка од надвор, "што во земјата создава лажно чувство на просперитет и ги спречува Грците да се соочат со нивната сегашна ситуација."

9 причини зошто грчкиот експеримент со левицата нема да успее

Фрустрираните и гневни Грци убедливо ги избраа Сириза, но Ципрас и Варуфакис сега ќе мора да се судрат со Ангела Меркел и претпазливите и конзервативни плаќачи на данок во Германија. Тоа ќе биде битка на вољи а сите сигнали велат дека првиве нема да успеат, пишува Индипендент.

Радикалниот економист кој стана грчки министер за економија

Ципрас за нов грчки министер за економија, што повлекува и позиција на главен преговарач со меѓународните кредитори, го избра економистот кој себе си се нарекува "случаен економист" а програмите за штедење ги опиша како "фискален вотербординг" - Јанис Варуфакис.

Грција ќе ја откажува Европа од штедење?

Крајно левичарската Сириза освои 149 пратеници на изборите (околу 40% од гласовите) и утрово потпишаа коалиција со крајно десничарската АНЕЛ, со чии 13 пратеници има мнозинство во грчкиот парламент. Заедничко за двете природно спротивставени партии е омразата кон мерките за штедење.

Бугарија меѓу рускиот плин и американските ветувања

Американскиот државен секретар вети дека САД се спремни да ѝ помогнат на Бугарија енергетски да е еманципира од Русија, но Запад признава дека нема добар план за таа земја доколку Русите ѝ го секнат гасот.

Враќањето во Србија

Братислав Живковиќ, 39 години, невработен, инаку има титула - командант на четничкото движење. 40 и нешто денови бил во Украина за да го одбрани недолжното руско население. Длабоко верува во воскреснувањето на Кралството Србија.

Како да купиш грчки остров

Најнов сопственик на остров во Грција е Екатерина Риболовлева, 25-годишната ќерка на рускиот милијардер Дмитри Риболовлев. Од неодамна нејзин е островот Скорпиос, кој го купи од внуката на Аристотел Онасис. Се претпоставува дека цената е 158 милиони долари.

Бабина тајна

Васо Лекиќ го продаде својот бизнис. Бабина тајна, бизнисот на Лекиќ, е еден од ретките познати и ценети брендови кои настанале во Србија во последните години. Крволочните таблоиди и јавноста речиси го предвидеа, забавени од новите злокобни атентати и митинзи, еден од клучните економски настани на годината.

Грчките нео-нацисти се бетер од што ги мислите

Колеле овци за да се навежбаат со нож, учеле како се погодува вратна жила на противникот. Па тренирале како со тенкови се освојува Парламентот, за оттаму да ја оправаат државата. СС униформи, перење пари, силување, убиство....

Коцкарот што ја ограби Народната банка на Албанија

Во рок од 4 години Ардиан Битрај краде милиони долари од сефот на Народната банка. Има разработено совршен план и никој не успева да го фати, ниту инспекциите, ниту безбедносните системи. На крај паѓа затоа што не може да додржи и да не се пофали.

Зошто поевтини лимонот?

Српските медиуми кренаа паника околу падот на цената на лимонот на Балканот, конкретно на тој што доаѓа од Турција. Основа: канцероген, отровен, ја иритира кожата.

Русите ги сакаат Бугарите

"Џабе см'кнавме гаќа заради православните браќа," разочарано резимираат e - новине по последното истражување на политичките симпатии на Русите во кои меѓу пријателите на Русија ги нема Србите; нас па ич.

Како заврши босанскиот бургер на Џејми Оливер?

На веб сајтот на популарниот готвач решаваат да обрнат внимание на босанската кујна па понудуваат рецепт за плескавица. Во рецептот, ставаат и свинско. Ете ти беља.

Се гаси Б92

Од Нова година повеќе нема да постои Б92, а на нејзино место доаѓа ОТВ. Со ова завршува трансформацијата на телевизијата од информативна во забавна.

Приказната за Пинк Пантерите

2012-та уапсен е еден од лидерите на Пинк Пантери, сите веруваат дека ова е клучен удар на групата. Две години подоцна, излегува дека тие сето ова време го користеле само за тренирање нови регрути.

Огромните заработки на непрофитните во Србија

Европската комисија во Србија работи на начин на кој во Европа би се одело на робија, пишуваат "Е- новине" на вечно лутиот Петар Луковиќ кои анализираат како одредени поединци кои загубиле политички позиции сфатиле дека НВО секторот може да биде исклучително доходовен бизнис.  

Бугарите да престанат да се глупираат со советските споменици

Откако уште еден советски споменик сред Софија беше урнисан со графити и боја, Москва и најофицијално побара од Бугарија повеќе да се потруди во спречување на вандализмот на советските споменици и да зачисти.

Танјуг лапна кромид

Српската новинска агенција вчера ја пренесе веста дека во основа Хрватска во 1991-ва противуставно излегла од Југославија. Анализата е одлична, само уште да не беше од еден од кромид сајтовите.

Приказни од гробницата

Зијах Гафиќ и е босанско-херцеговски фотограф кој изминатите неколку години прави колекција на фотографии од предметите со кои се закопани жртвите на масакрот во Сребреница. Деновиве неговите фотки беа објавени во магазинот Feature Shoot.

Општествена непогода

Српскиот премиер деновиве издаваше команди и глумеше експерт за сè а никој од стручните лица не собра доволно храброст да му издаде команда да заќути. Медиумите, башка непогода.

Првата ромска кафана во Европа

Се работи за владин проект за кој Словенците успеале да извадат 300 илјади евра од парите на ЕУ. Името на локалот е "Романи кафенава."

Заштитен, како фармацевт во Грција

Од сите работни места кои ѝ недостасуваат, Грција има една професија на претек - фармацевти. Речиси дупло повеќе од која било друга држава на ЕУ. И на сите одлично им оди.

Бегството од Грција

Истите луѓе што пред 10 години од најразлични Авганистани и Пакистани пребегале во Грција, денес бегаат од Грција затоа што животот таму не се поднесува. Сега патот за Европа ги води преку Лојане и Суботица.