Главното ветување на Ципрас беше дека ќе ја прекине програмата за штедење, која и беше наметната на Грција откако се откри дека долгот на државата изнесува 175% од БДП-то. Наместо ова, тој најави "имплементирање политики за генерирање на економски раст." Моментално секој четврти Грк не е вработен, а невработеноста кај младите во земјата надминува 50%. Се проценува дека половина од економската активност на земјата отпаѓа на сивата економија.
Наспроти ова е Тројката (Европската централна банка, Европската комисија и ММФ) која по победата на Ципрас и најавата за укинување на штедењето, генерално има две опции:
1. Да го отпише долгот на Грција и се' да продолжи како ништо да не било, меѓутоа во овој случај други должници како Шпанија и слични, ќе го бараат истиот излез, што не е прифатливо.
2. Да дозволи Грција да банкротира, со што земјата ќе биде присилена да излезе од Еврозоната, што пак има последици на ниво на Унија и генерално не е посакуван исход ниту од Ципрас ниту од европските лидери.
"Како и да е, настаните во Грција покажуваат дека долгиот и неуспешен експеримент со штедењето почнува да се распаѓа," пишува Мат Скијавенза за Атлантик.