Министерот за правда Никос Параскевопулос, изјавил дека е подготвен да одбори една одлука на Врховниот суд од 2000-та, со која се дава поддршка на барањето за отштета на роднините на 218 жртви.
Во случајот се работи за масакрот на 218 цивили, жители на грчкото село Дистомо на 10-ти јуни 1944-та. Во 2000-та Врховниот суд ја потврдува пресудата според која Германија треба да исплати 28 милиони евра на роднините на убиените. Во последователните години, спорот се заглави во меѓународните судови.
Со одлуката се дозволува како компензација да биде запленет имот во германска сопственост, ама тоа никогаш не било извршено од тогашниот министер за правда. Меѓу потенцијалниот имот за запленување е германското Археолошко училиште во Грција и Институтот Гете.