Милорад Миќун Дамљановиќ има 48 години и раблеовски апетит уште од дете. Важи за легенда во реонот на Горњи МИлановац каде го знаат како "човекот кој не може да се најаде".
Има завршено виша сообраќајна школа, бил инструктор, возел камиони а денеска е на биро, но се занимава со земјоделски работи. Иако има 140 килограми, не знае што е тоа гастритис ниту пак има проблеми со холестерол и триглицериди.
Својата карма ја открил уште од мали нозе, кога почнал да јаде цели печени кокошки па после се вадел кај родителите дека им давал на кучињата. Своето полнолетство го прославил така што свиткал цело јагне кое биле спремeно за гости. Мисли дека неговиот талент е генетски предодреден бидејќи и дедo му и неговиот брат важеле за свеждери со голем капацитет.
Никогаш не се натпреварува во јадење туку јаде исклучиво од ќеиф. Но, не дека немал проблеми поради апетитот:
- "Ти веќе на слава да не ми доаѓаш", му рекол еден домаќин намќор откако овој како предјадење решил 5-6 печени кокошки а потоа од јагнето оставил само мошти. "На такви слави не ни мора да одам," вели Милорад.
"За зимница подготвив четири свињи по 250 килограми, замрзнувачите ми се полни. Не знам колку кила кајмак можам да изедам пред да почнам со ручекот, прасе не ми е проблем а со сласт можам да сркнам грав во лонец од 10 литри," сумира Ненајед,