Од овие пари само на обновата на инфраструктурата се потрошени 108 милијарди евра, на тоа плус Грција морала да и "позајми" 54 милијарди долари на Германија. Споредено со денешните бројки, оваа сума покрива четири-петини од сегашниот долг на Грција.
Тогашната грчка влада (на Самарас) ја прогласува студијата за тајна и ја става во фиока. Кога се менува владата, Ципрас ја вади студијата во јавност и почнува да игра на карта на долгот. Сепак Ципрас не бара Германија да им го врати долгот, "туку поставува прашање: Ако (тогаш) и е простено на Германија, зошто не може сега и нам да им простат? Нас не обвинувате дека сме биле мрзливи и сме трошеле, а какви беа германските нацисти?"
Она по што се разликува германската ситуација од грчката е што Германија преку ноќ станува важна за Западот, во моментот кога Европа се дели на два дела и започнува Студената војна.
Во 1953-та се одигрува сценариото по кое Грците моментално сонуваат: на собирот во Лондон, на Германија и се простуваат половина од долговите, вклучително и тие по војната. И за оваа одлука гласаат Французите, Британците, а меѓу другите и Југословените и Грците. Договорот предвидува дека остатокот од долгот Германија треба да го враќа во следните години, и тоа исклучиво од суфицитот од надворешната трговија, а не со штедење и намалување на домашната потрошувачка. Токму ова штедење денес Германија го бара од сите свои должници, вклучително и Грција.
"Долговите мора да се вратат. Нормално, но само ако можат да се вратат. За ова се свесни и доверителите. Старата вистина е дека должник е оној кој малку ти должи. Оној кој ти должи многу, ти станал партнер," пишува Милан Гавровиќ во Новости.
Негова процена е дека она што моментално и оди во корист на Грција е променетата политичка ситуација во светот, која се' повеќе личи на онаа од пред 60 години и се почестото споменување на терминот - студена војна.