Хрватска, слободна

Со новиот предлог закон за угостителство работното време формално останува од 6 до 24 часот, со тоа што сега локалната власт може да го продолжи по сопствена процена во "зависност од потребите на гостите, водејќи сметка за барањата на граѓаните."

И до сега законот дозволуваше да се продолжи работното време ама максимум за два часа по полноќ. Ова значи дека од сега ресторан или кафуле би можеле сосема легитимно да работат до 4 часот наутро. Исто така властите би можеле и да го намалат регуларното работно време на угостителскиот објект за 2 часа.

Новиот закон предвид ги зема и пензионерите кои во иднина ќе смета да точат алкохол во своите пензионерски клубови, ама само за своите членови. Објаснувањето за ова е дека "се работи за посебно чувствителна група на наши граѓани кои по правило не ги користат услугите на угостителските објекти, туку потребата за социјални контакти ја остваруваат низ своите клубови."
Законот е "препишан" од слични решенија во Австрија и Германија.

23 април 2015 - 11:34