Балкан

Општествена непогода

Српскиот премиер деновиве издаваше команди и глумеше експерт за сè а никој од стручните лица не собра доволно храброст да му издаде команда да заќути. Медиумите, башка непогода.

Првата ромска кафана во Европа

Се работи за владин проект за кој Словенците успеале да извадат 300 илјади евра од парите на ЕУ. Името на локалот е "Романи кафенава."

Заштитен, како фармацевт во Грција

Од сите работни места кои ѝ недостасуваат, Грција има една професија на претек - фармацевти. Речиси дупло повеќе од која било друга држава на ЕУ. И на сите одлично им оди.

Бегството од Грција

Истите луѓе што пред 10 години од најразлични Авганистани и Пакистани пребегале во Грција, денес бегаат од Грција затоа што животот таму не се поднесува. Сега патот за Европа ги води преку Лојане и Суботица.

Побезбедно е внатре, надвор нè викаат мајмуни

Во Софија има центар за имигранти со капацитет од 800 луѓе, што не е доволно во однос на тоа колку му е потребниот капацитет. Разликата меѓу капацитетот и потребите, во последниве неколку недели предизвикаа судири со полицијата.

Босна, ден потоа

Низ селфи видеото и селфи паметот на Дамир Никшиќ, една позитивна градска лепенка која се занимава со сешто (нагалено: концептуален уметник).

Што се случува во Тузла?

Гневни од непотизмот при вработувањата, работници од Тузла излегоа на протести на улица и пред Владата. По пат им се придружија и невработените, студенти и членови на организациите на борци. Неколку видеа од судирите во градот. Денес, на третиот ден од протестите тие упаднаа во владата.

Така зборуваше Кристијан

Супер-ѕвездата на "Видимо се у читуљи" повторно е актуелен во српските медиуми. Деновиве тој ги мина речиси сите редакции во Србија, без разлика дали се пишани или електронски медиуми. Еве некои од работите што тој ги кажа.

За што се интересира Балканот на Гугл?

Македонија ја нема во поединечните листи на најбарани пребарувања на Гугл во 2013-та година, но затоа ги има комшиите па им буричкавме малку по паметот. Србите сакаат да ослабат по диетата на ОН (на второ место би пробале со зелка), Бугарите најмногу ги интересира што е љубовта, а кај тисучљетните Хрвати високо котира Сулејман Величествениот. 

Берлин виа Добрич

Приказната е од еден јапонски фотограф, се случува во самиот центар на главниот град на Германија, а главни ликови се Роми кои тука се дојдени од Добрич, Бугарија.

Валкане мој

Според објавената листа на приоритети, јавните банки од ЕУ во нашиов регион ќе инвестираат во мегаломански и валкани технологии, како и во производство за извоз во Унијата. Ако се знае дека и Американците агресивно буткаат термоелектрана на лигнит во Косово, енергетската иднина на Балканот е 'чиста" работа.

Родителите на Тијана решија дека 2-та милиони евра се нивни

Таткото и мајката на 8-годишната Тијана Огњановиќ која почина на 15-ти јули, а за чие спасување и операција цела Србија се крена на нозе и собра над 2 милиона евра, одлучија сите пари од донациите да ги задржат за себе.

Грчко злосторство и стаж

Благајник во локалната власт од околината на Кавала во 2009-та со Узи го убива градоначалникот заради проневера на пари. Како што е ред добива доживотна казна затвор. Во меѓувреме убиецот (додека е во затвор) се уште е на платниот список на општината.

Американски професор предлага Грција да нè анектира

Во писмо испратено меѓу другите и до Хилари Клинтон и Оли Рен, професор по класична археологија од калифорниски универзитет предлага Грција да нè покори и да нè натера да учиме грчки јазик.

Грција наликува на предвоена Германија

Економски колапс, масовна невработеност, униформирана паравојска, улично насилство, политички атентати и апсење на пратеници. Грција разурната од еврото почнува да морничаво да наликува на Вајмарска Германија.

Koj e Николаос Михалолиакос?

Николаос Михалолиакос, години 55, занимање нео-нацист. Еден вообичаен работен ден во неговиот живот се приближи кон крајот....

Политички педерлаци

"Вие господа, многу мудро решивте дека одржувањето на геј парадата е во интерес на државата а веднаш потоа, храбро објавивте дека во таа манифестациија не мислите да учествувате. А од нас, српските полицајци сега чекате ние тоа да го овозможиме и обезбедиме," вели меѓу другото во своето отворено (супер отворено!) писмо до Николиќ, Дачиќ и Вучиќ, првиот човек на српскиот полициски синдикат.

Половен точак за секој велосипедист

Во организација на самите себе, велосипедистите од Загреб одлучија секоја сабота да се собираат на плоштад и на нешто како мини-саем да видат на кој што му треба околу велосипедот (делови, помош, информации...).

Денешните насловни во Грција

Реакцијата на грчките весници еден ден по убиството на раперот Killah P од страна на член на Златна зора.

"Продавам син, дебил"

На веб сајт за онлајн продажба, човек од Зворник го огласил за продажба својот син, опишан како дебил. Го ставил во рубриката коњи.

Нож, жица, отштетица

Речиси две децении по срамното повлекување на холандскиот контингент од Сребреница што го овозможи масакрот врз муслиманите од градот, на Холандија ѝ се разбуди совеста па реши дека треба да обесштети - еден свој војник.

СПЦ со монопол на свеќи?

Секоја свеќа што ќе биде купена надвор од српската црква ќе биде веднаш изгасена, а и генерално од сега забрането е внесување на свеќи што не се купени од црковната продавница.