Во приоритетната листа на проекти на Енергетската заедница (формирана од ЕУ), за овој дел од Европа се планира да се финансираат огромни проекти базирани на застарени технологии.
Македонија како и другите земји од Балканот е потписник на стратегијата на оваа Заедница донесена минатата година иако цивилни кругови во засегнатите земји предупредуваа дека се работи за енергетска колонизација на Балканот.
Меѓу одобрените проекти се три нови термоелектрани на валканиот лигнит, поврзување на Црна Гора и Албанија со Италија за да може таа да увезува енергија и да ги исполни своите климатски обврски, како и една спорна хидроелектрана во близина на Дубровник.
Италија на пример, очекува да увезе 2/3 до 3/4 од годишното енергетско производство на Албанија, што со оглед на хроничните проблеми на Албанија со својата мрежа се чини како многу рискантен потег.
Дури и кога се работи за поддршка на проекти за чисти и обвновливи извори на енергија, прашање е кога овие јадни земји ќе ги дадат на повеќедецениски концесии своите главни локации за таква енергија, кои ресурси ќе им останат на располагање кога ќе треба да ги покријат домашните потреби.
На прашањето зошто се подржуваат термоелектрани на највалканиот јаглен - лигнитот, обично се дава штуриот аргумент дека тој е - ефтин.
Но, како што веќе докажа Алијансата за здравје и околина (HEAL), лигнитот и не е така ефтин ако се додадат здравствените и други трошоци кои ги повлекува неговата експлоатација.