Грчко злосторство и стаж

Благајник во локалната власт од околината на Кавала во 2009-та со Узи го убива градоначалникот заради проневера на пари. Како што е ред добива доживотна казна затвор. Во меѓувреме убиецот (додека е во затвор) се уште е на платниот список на општината.

За убиството е обвинет и еден колега на благајникот, кој за соучество добива 16 години казна. И нему исто така се уште му тече стажот и платата во општината. И двајцата имаат поднесено жалба против пресудите.

Убиството се случило откако ви 2009-та била закажана финансиска ревизија на општината. Двајцата благајници знаеле дека во касата фалат околу 700.000 евра. Во своја одбрана тие објаснуваат дека на средбата со градоначалникот (одржана на паркинг надвор од градот), тие сакале со узито само да го престрашат него и да го натераат да ги најде парите кои недостасуваат. Според нив, градоначалникот бил виновен за проневера на парите.

Откако двајцата биле уапсени, в.д. градоначалникот ги избришал од платниот список. Меѓутоа според тогашниот закон работниците кои не можат да се појават на работа заради притвор, се уште имаат право на половина плата. Заради ова ним им било продолжено исплаќањето, плус им биле надоместени и неисплатените плати.

По ова следуваат пресуди на неколку комисии, локални и регионални, околу тоа дали тие може да бидат избркани од работа. Конечната, на второстепениот орган од Атина е дека тие треба да бидат избркани и да им се престане со плаќање. Сепак двајцата и понатаму добиваат плата, бидејќи имаат фора некаде до средина на ноември да одлучат дали ќе ја обжалат оваа одлука.

Според грчката влада околу 2.100 административци во земјата се под дисциплинска истрага, од нив околу половина се обвинети за некое кривично дело. Сите овие и понатаму продолжуваат да примаат целосна или делумна плата, се додека не се заврши постапката против нив.

Во земјата уште потешко е да отпуштиш некој административец заради лоши перформанси на работа или некоја грешка што ја направил. Најголемиот дел од Грците кои ја напуштија администрацијата со почнувањето на кризата тоа го направија заради пензионирање, за да можат да ги заштитат своите пензии, а генерално јавниот сектор речиси и да беше заштитен од отпуштањата кои го спопаднаа приватниот сектор.

14 октомври 2013 - 16:59