Русите преку амбасадата побараа Бугарите да го исчистат споменикот во софиската населба Лозенец, и да најдат кој го направил тоа. Споменикот беше испрскан со црвена боја, на вечерта пред 123-годишнината од основањето на Бугарската социјалистичка партија (1891-ва).
На почетокот од годинава непознат уметник префарба друг споменик на советските војници во Софија, со боите на украинското знаме.
Во август минатата година, истиот споменк на советската армија беше офарбан во розово како "уметничко извинување" за бугарската поддршка на советските трупи кои своевремено ја задушија Прашката пролет.