Приказната е од еден јапонски фотограф, се случува во самиот центар на главниот град на Германија, а главни ликови се Роми кои тука се дојдени од Добрич, Бугарија.
Мите е една од централните општини на Берлин, што последователно значи скапи кирии, скапи продавници, убави згради и убави кафулиња. Во целиот тој луксуз група Роми од Добрич наоѓаат напуштен објект и крајно успешно го окупираат.
Ромите се тука дојдени бегајќи од немаштија и сите последователни проблеми кои им следуваат во Бугарија. Нив ги открива Хиројуки Кошикава, кој од 2011-та живее во Берлин и ги фотографира жителите на градот, Ромите и "Источноевропејци од сите видови."
Дел од жителите во напуштената зграда на улицата Хенрих Хајне
Алдин (54 години) е од Добрич, Бугарија. Живее во напуштени куќи во Берлин од 2008-ма
Алдин со пријателката
Позирање на патеката до зградата
Млади во љубов
Геј пар што живее во зградата. Ова е нивната соба.
Уште еден станар од Добрич. Понекогаш работи како проститутка
Метален отпад што Ромите го имаат собрано низ Берлин.
Живот во дворот
36-годишниот Северлин е исто од Добрич. Во Берлин доаѓа летото 2011-та
На цигара во сббата на Северлин. Зградата нема ни вода, ни струја, ни греење
Најголем дел од жителите на зградата се роднини или се пријатели уште од Бугарија