Вечерње Новости заинтересирани за поевтинувањето на лимонот во српските супермаркети од 230 денари на 80 денари (не е грешка што е во денар), ја анализираат декларацијата на пратката од Турција.
"Евтиниот лимон е увозен и потекнува од Турција, а на декларацијата пишува: 'Не ја користи кората! Лимонот е третиран со имазалил.' Предупредувањето е напишано со многу мали, едвај читливи букви, кои веројатно многу малку купувачи можат да го видат, дури и да инсистираат на тоа," пишува Вечерње Новости.
Инаку имазалил е фунгицид кој се користи на голем број овошја и зеленчуци, а српските медиуми тврдат дека тој е докажано канцероген и дека не се задржува само на кората, туку влегува во целиот плод. Ова го дополнуваат со проблемите што ги предизвикува кај новороденчињата и децата, а кај возрасните влијае на репродуктивните органи.
Тврдењето за канцерогеноста потекнува од истражување од 1999-та, спроведено од американската ЕПА. Дополнувањето на ова истражување е дека пестицидите кои се користат во земјоделството содржат далеку пониска концентрација од потребната за да постои ризик од рак. Заради ова процената на ризикот од добивање рак заради загаденоста на лимоните (и слични овошја) со имазалил е проценета на безначајна.