Балкан

Чија е Грција?

Прашањето е потешко отколку што се чини на прв поглед. Илјадници расситнети дилеми на оваа тема со години се влечкаат по судовите иако омилената европска спонзоруша од ЕУ цицна стотина милиони евра, не да ги среди имотно - правните односи туку барем да нацрта која земја е чија. И ништо.

Просјакот од Софија

Во Втората светска војна го губи слухот, денес има 98-години и секој ден пешачи по 10 километри до Софија за да проси. Има собрано над 40.000 долари, ама не се за него.

Србите навалија на Пејпал

Само еден месец откако официјално почна да функционира во Србија, веќе десетици илјади жители се регистрираа на сервисот. За сега, најмногу го користат за аукции (Ибеј).

Грчка пластика

Очајни да ја поправат сликата за себе, Грците масовно прават пластични операции. Во Европа нема друга земја со повеќе естетски зафати по глава на жител.

Словенија ги става "милениците" на распродажба

Како дел од неопходните мерки за спас од тотален колапс на економијата, Словенија најавува продажба на 15-тина големи државни компании. Овој пат речиси сигурно ќе отиде и Телеком Словенија.

Дали косовски лидери се виновни за воени злосторства?

Њујоркер знае дека косовските лидери се обвинети за грозни воени злосторства но се прашува дали некој некогаш ќе може да ги докаже.

Србија ги преброи парите од гастарбајтери

Минатата година во Србија пристигнале 2,73 милијарди евра од дијаспората, не како директни инвестиции туку како пари за семејството.

Германците почнаа и да ги крадат Грците

Како Грците да не се доволно гневни на Германците на тема пари, денес полицијата на аеродромот во Атина уапси Германец кој се обидел од земјата да прошверцува речиси половина тон злато и сребро.

Фактори што доведуваат до масакри

Психијатри идруги познавачи на темните страни на човековата душа се обидуваат да ги исцртаат контурите на масакрот во Велика Иванча, слика која никогаш нема до крај да биде целосна бидејќи главниот протагонист, убиецот на 13 луѓе, им подлегна на повредите.

Како пропадна Пасок

Партијата која неприкосновено владееше со земјата цели три децении, денеска има само 6 процентна поддршка меѓу Грците.

Златна зора излегува на светски пазар

Радикално анти-имигрантската Златна зора, реши да побара ново членство меѓу Грците низ светот. Што во основа значи дека Грците кои се имигранти во земјите каде што сега живеат, ќе треба да ѝ дадат поддршка на анти-имигрантската политика на Златна зора.

Како да убиеш држава преку ноќ?

Проблемот беше во банкарскиот сектор кој е 8 пати поголем од целокупната кипарска економија, додека европскиот просек е 3.5. Најголем удел во тоа имаа руските фирми. Тоа страшно ѝ пречеше на Германија.

Млекомат

Најосновно целата идеја може да се опише како кафемат за млеко. Му ставате пари и шише, а он ви сипа свежо млеко (без афлатоксин). Сето ова функционира и тоа добро и тоа на Балкан.

Нарачајте црква, таа ќе дојде кај Вас

+ Кога српското православно битие ќе се спои со претприемачкиот дух на новото време се добива досетлива верзија на приказната за Мухамед и брегот - монтажна црква за двор која ти ја носат на камион.

Хрватска ја доби "Битката на Неретва"

Најголемиот филмски воен спектакл од поранешна Југославија, "Битката на Неретва," од сега и официјално е дел од хрватската кинематографија.

Кој може да биде Грк?

Не е лесно да си Македонец во Грција, ама има и луѓе на кои им е бетер. Отприлика еден милион луѓе.

И Бугарите лапале коњско месо?

Цела пратка на лазањи е повлечена од рафтовите на Керфур во Бугарија, заради сомневање дека содржи коњско месо, соопшти бугарското министерство за земјоделие. Примероци од пратката се пратени на дополнително тестирање.

Србинот што живее во гроб

43-годишниот Бранислав Стојановиќ е градежник кој никогаш во својот живот немал постојана работа. Во прво време живее по напуштени куќи, за пред 15 години да се пресели во еден гроб на старите гробишта во Ниш.

Каде се, што прават?

Kаде се денес девојките кои во 80-тите години, на машката популација од поранешна Југославија им правеа лиги како Вардар а она останатото како Триглав. 

Албанските деца што не смеат да излезат од дома

Се проценува дека најмалку 900 деца во Албанија не смеат да ја напуштат својата куќа заради опасноста дека ќе бидат убиени во крвна одмазда што нивното семејство ја должи.

Европа ја чека беда до смрт

Моделот на социјална држава што моментално преовладува во Европа мора да се промени и адаптира, во спротивно тој ќе биде уништен од должничката криза и мерките за штедење кои се нејзина последица.

Не зори, зоро

На 19-ти јануари во Атина ќе се одржи масовен анти-фашистички протест, организиран од 24 организации со најразлична политичка позадина, сите насочени против растот на Златна зора и фашизмот во Грција.

Ако не си белец во Грција, подобро да носиш пасош

Во иднина сите туристи во Грција кои не изгледаат доволно грчки ќе треба со себе да носат документи или ќе одлежат во станица се додека не докажат дека се туристи а не имигранти.

Зијан од 16,2 милиони евра за неработен ден

Тоа што Србија ги спои новогодишните со божиќните празници ќе го чини тамошното стопанство речиси 130 милиони евра, пресметале од српската Унија на работодавци.