Одлуката доаѓа од црквата на Светото Преображение во Брус, а нејзин автор е старешината на црквата Иван Жарковиќ.
Српскиот Ало пренесува неколку изјави на тамошни жители кои раскажуваат за ситуации кога пред самите верници им биле изгасени свеќите заради тоа што ги купиле на пазар, а не во црковната продавница. Од црквата поинаку објаснуваат.
"Свеќите што се купуваат на пазар не се осветени, па како такви немаат никакво значење и не се за верска употреба. Тие можат да се користат на пример кога ќе ви снема струја, ама не и за верски обреди," објаснил Жарковиќ за Ало.
Свештеникот објаснил и дека ако некој прошверцува свеќи во црква, ним не им ги гасат, туку само ги предупредуваат да не ги палат. Оние пак што немаат пари за да купат, црквата им поклонува.
"Две свеќи се сосема доволни, една за здравје и една за починатите," изјавил Жарковиќ.