На списокот на министерот за финансии Урош Чуфер се:
- втората по големина банка во Словенија - НКБМ
- Телеком Словенија
- Адрија Ервејс
- аеродромот во Љубљана
- фабриката Палома
- фабриката за алат Униор
- фабриката за спортска опрема Елан
- Адриа Техника
- металуршко хемиската фабрика Цинкарна Цеље
- прехранбената индустрија Жито
- и фабриката за бои и лакови Хелиос.
Продажбата на фабриките и останатите мерки (зголемување на ДДВ-то од 20 на 22%) се дел од стабилизациска програма која ќе биде прегледана од Европската комисија, со цел да се избегне меѓународна помош за словенската криза.
Некои од компаниите, како Телеком Словенија, неколку пати минаа низ неуспешни тендери за продажба. На последниот тендер, еден од најсериозните кандидати за купување на компанијата беше Т-Хоум.
Се проценува дека под контрола на државата се околу 50% од економијата на Словенија, која има околу 7 милијарди евра лоши кредити. Доколку им успее планот, Словенците ќе ја зачуваат сувереноста на својата држава која би била нарушена со прифаќањето на надворешна економска помош.