Папокот на светот, според Артур Кларк е во Србија, едно 200 км југоисточно од Белград. Оние што веруваат во календарот на Маите се надеваат дека тоа место ќе биде единственото на кое ќе може да се преживее Апокалипсата.
Во Сараево се случи малуброен но симпатичен протест против најавеното навлегување на турбо фолк музиката во еден од култните младински објекти во градот.
Иако низ цела Грција на изборите варирала поддршката за Златна Зора, речиси на сите места на кои гласала грчката полиција партијата имала натпросечен број на гласови, анализира Ал Џезира.
На наместени телевизиски и радио квизови (од типот погоди не знам што) само во изминативе 9 месеци во Србија оштетени се над 163.000 лица за сума од околу 32 милиони евра.
По ослободувањето на Готовина, српските медиуми прилично ревносно се дадоа на анализирање на околностите заради кои генералот беше ослободен. Главна причина за исходот - еден вагон пари што Хрватите ги имаат дадено.
Со натегање Грција на крај сепак изгласа дека во иднина ќе почне да штеди, по што дојде ред кредиторите да ги пуштат парите (31,5 милијарди евра) кои би го спречиле банкротот на земјата и би го поттикнале економскиот раст. Има еден проблем.
Бугарите отсекогаш во историјата имале чудна смисла за политичка проценка. Незадоволни од економската ситуација во својата земја, селаните од две бугарски села сакаат да се припојат кон - Грција. Алал вера како го убодеа решението. На Фејсбук ни пишаа: Македонци земаат бугарски пасоши, Бугари се прават Грци а Грците мислат дека се Македонци :)
Наспроти големите зборови за добрата бизнис клима и пресудноста на претприемачкиот дух, шансите еден сиромашен земојделец од Србија да одшколува свое дете за политичар изнесуваат 2 процента.
На локалните избори во март ќе видиме дали некоја наша партија ќе биде доволно луда да ни понуди ваков кандидат а ние доволно глупи да го голтнеме. Во Србија поминал.
Идиотлукот за кој пишува Бетмен во последниот текст а се состои во пацерско радување на туѓа несреќа е глобален феномен но Балканите секогаш нуделе лабораторски услови за посматрање. Србија особено.
Проблеми со подарениот овен, гладното куче и кариесот кај дијаспората се дел од темите кои српските дипломати под шифрата строго доверливо им ги праќале на своето министерство за надворешни работи.
Во два одвоени настани, бразилските и француските медиуми ја спукаа со Гугл заради тоа што компанијата директно профитира од тоа што ги објавува нивните содржини на агрегаторот за вести Google News.
Не сакајќи да ги поврзуваат со грчката влада, посебно не во делот со кредитниот рејтинг, еден од најголемите производители на грчки јогурт (a.k.a. кисело млеко) во светот, се отсели од матичната држава.
Српскиот суд прогласи за виновен еден 68-годишен маж кој бил фатен од полицијата дека не носи лична карта. Човекот е овчар, и е фатен сред планина додека го чувал своето стадо. Бонус - за малку ќе го казнеле и за тоа што кучињата (чувари) не носеле заштитни маски.
Околу 500 семејства во Албанија, 140 на Кoсово и непознат број во Македонија живеат во домашен притвор страхувајќи дека некој нивен член ќе биде убиен во знак на крвна одмазда. Сега меѓу Албанците се собираат потписи кои ќе се толкуваат како беса дека се откажуваат од овој начин на терање правда.
Кога Американците добиваат информација дека Коштуница го одобрил упадот на американската амбасада во Белград, тие решаваат дека ќе го казнат и тоа уште на следните избори. За целиот план имаат рок од 5 месеци.
Давањето на државните автопатишта под концесија е првиот сериозен чекор на словенечката Влада за да се избегне банкротот кој го најави самиот премиер. Јанез Јанша одамна сака да се реши и од државниот Телеком но загубите би биле огромни.
По 17 години работа со продажба на фармацевтски материјали, 40 и нешто годишен Грк, заедно со остатокот од земјата паѓа во криза. Решението смета дека ќе го најде во Шведска. А таму, плочки, многу плочки.
Една од форите на свадбите во Романија е киднапирање на невестата за време на веселбата. За несреќа на добар дел од младоженците, до сега сите невести се спасени.
Некогашното братство - и единство кое царуваше на овие простори го оживеаа жени и тоа од порно светот. Под режисерско водство на еден Словенец, снимен е порно филм во кој немирни извиднички глумат словенечки, хрватски и српски порно глумици. Исто како и на АВНОЈ, нас не нема.
Неколку децении наназад се распаѓа озлогласениот Голи Оток, местото во кое окапуваа некогашните непријатели на народот и на комунистичката власт. Младата општина Лопар сега сака да му го врати "сјајот" во туристички цели: ќе нуди преспивање во затворот и врвно еколошко јагне.