И додека изборите во Грција и понатаму остануваат тајни, поддршката од полицијата е забележана бидејќи припадниците на министерството за внатрешни гласаат еден ден пред изборите и тоа на гласачки места околу полициските станици.
Во Атина, на 13-те гласачки места околу седиштето на полицијата во градот Златна зора добила 20% од гласовите, додека во околните "цивилни" локации поддршката била само 6%.
Полицискиот портпарол по ова прашање изјавил само дека секој па и полицајците имаат право да гласаат по сопствено убедување.
Барнаби Филипс од Ал Џезира има три можни теории за ова (кои не се меѓусебно исклучиви):
1. Во делови на грчката полиција има традиција на авторитарност, која потекнува од времето на воената хунта и диктатурата во Грција.
2. За дел од грчките полицајци кои работат на улиците на Атина важи дека "непријателот на мојот непријател е мој пријател." Полицијата се чувствува немоќна да се справи со напливот на имигранти, а плус се под притисок на анархистите и левичарските групи. Во некои делови, тие ја гледаат Златна Зора како благонаклонета алтернатива.
3. Просечниот грчки полицаец, како и остатокот од грчката јавна администрација е уплашен и разочаран. Моралот е на најниско ниво. Платите во просек се паднати за 30% во изминатите 2 години, а допрва ќе има нови кратења. Полицајците гласале за Златна зора во знак на протест, како и стотици илјади други Грци.