Сараевскo No Pasaran!

Во Сараево се случи малуброен но симпатичен протест против најавеното навлегување на турбо фолк музиката во еден од култните младински објекти во градот.

Организирани преку Фејсбук, неколку десетини граѓани на Сараево се собраа пред центарот Скендерија да го изразат својот протест против населување на турбо фол музиката во тамошниот Дом на млади каде се најавија настапи на неколку регионални перјаници на овој вид музика.

"Нејќеме сплавови на во Домот на младите" беше еден од слоганите на присутните со кој порачаа дека нема да дозволат култното збиралиште на младите во градот да се претвори во турбо - фолк гнездо.

Заради овој и претходните протести, некои од најавените ѕвезди веќе го откажаа својот настап во Сараево а бидејќи се работи за Босна, демонстрантите мораа да нагласат  дека се против секаков вид турбо - фолк без разлика од која земја доаѓа.

Тие имаат предлог нивното омилено рокенрол место да биде водено од програмски одбор во кој и тие ќе имаат свој претставник за да може да ги контролираат случувањата и содржините во Домот на младите.

8 декември 2012 - 18:09