Ртањ се наоѓа во источна Србија и припаѓа на карпатските планини. Во близина е Соко бања. Највисока точка е врвот Шиљак (1565 м.) а планината има интересна пирамидална форма, сосема доволно да се развијат неколку легенди околу неа.
Еден од долготрајните митови е дека во својата утроба Ртањ крие огромни количини злато па во тоа име, трагачите по закопаното богатство неколкупати ја имаат уништено капелата на Свети Ѓорѓија која се наоѓа на врвот на планината.
Други веруваат дека Ртањ е пирамида маскирана во планина, направена од Вонземјани пред илјадници години.
Кога на ова ќе се додаде дека британскиот писател на нуачна фантастика Артур Кларк верувал дека Ртањ е место со посебна енергија кое самиот го нерувак "Папокот на светот" (сори Венко), сосема е јасна навалицата на луѓе кои доаѓаат на планината верувајќи дека мистичните сили кои ги поседува ќе ги спаси од Апокалипсата која ја најавија Маите.
"Имаме денови во кои ни доаѓаат и по 500 луѓе. Доаѓаат цели фамилии," вели Обрад Блечиќ, менаџер на локалниот хотел.
Според 5,125 години стариот календар на Маите, животот на планетава ќе се одјави на 21-ви декември оваа година. Луѓето со слаби нерви масовно купуваат свеќи и останат прибор за да ја дочекаат Апокалипсата а освен Србија, и Франција има свое природно засолниште од крајот на светот кое се наоѓа на Пиринеите кое исто така деноевиве масовно е посетено од разно разни окултисти.