Партијата ќе постави свои канцеларии во Германија, Австралија, Канада и САД, обидувајќи се да регрутира нови членови меѓу 7-милионската дијаспора.
До сега најголемата кампања на грчките нео-нацисти беше во САД, каде се смета дека има околу 3 милиони лица со грчко потекло, од кој најголемиот дел ги одржуваат своите контакти со татковината.
И покрај напорите тие имаат сериозен проблем во САД, посебно со поставувањето на канцеларија во Албени, Њујорк, каде се отфрлени од лидерите на грчката заедница.
"Убедувањата на Златна зора не се добредојдени во заедница кој беше прогонувана од страна на Ку Клукс Клан и која учествуваше во борбата за човекови права, додека нашиот духовен водач архиепископот Јаковос маршираше заедно со Мартин Лутер Кинг. Овие луѓе и нивните принципи никогаш нема да бидат прифатени во нашата заедница."