Главен осомничен за целата работа е сопственикот на компанијата Фонлидер, која работи на организирање на телевизиски и смс квизови. Од другата страна се вработените и/или сопствениците на неколку српски медиуми: телевизиите Дуга сат, Астро, Соко, Сонце и Народно радија и Радио центар.
Целата измама е во основа она на што сите се сомневаат околу тв квизовите: гледачите се вклучуваат во програмата преку телефонски повик или СМС. Цената на повикот и СМС-от на овие броеви била далеку повисока од редовните тарифи.
"Во квизовите поставуваа лесни прашања. Потоа самите вработени вртеле на броевите и грешеле. Некогаш се јавувале и од самото студио. Гледачите и слушателите за тоа време чекале на отворените линии, на кои се наплаќа за започната минута. Во случаите со пораките, одговорите требало да биде испраќани преку СМС, кој некогаш чинел и до 500 динари," изјавил за Блиц извор од полицијата.
Врвот на измамата бил што во реалноста наградата никогаш не ни постоела, заради што гледачите и слушателите никогаш не ни можеле да ја освојат. На крај од секоја игра, наградата ја "добивал" некој од членовите на групата која го организира квизот.
Од полицијата веруваат дека истата компанија делувала и во соседните држави на Србија.