Србинот што живее во гроб

43-годишниот Бранислав Стојановиќ е градежник кој никогаш во својот живот немал постојана работа. Во прво време живее по напуштени куќи, за пред 15 години да се пресели во еден гроб на старите гробишта во Ниш.

Идејата на Стојановиќ за преселување во гробницата му доаѓа додека ги собира свеќите од гробовите, кои потоа ги користел во напуштените домови во кои живеел.

"Прво спиев на отворено, ама беше премногу ладно и решив да се преселам во отворена гробница. Едната бетонска плоча беше срушена, па само влегов," објаснува Стојановиќ.

 

До пред некое време, тој имал пријател кој исто така живеел во една од гробниците, но си заминал од таму откако таа станала премногу влажна. Сега на гробиштата се само Стојановиќ и уште една жена бездомник, со која тој не е во најдобри односи.

 

 

Минувајќи го денот со фотографот на Ројтерс, Стојановиќ трга во потрага по храна. Тој објаснува дека зимно време е полесно да се најде храна, бидејќи Србите имаат голем број слави од кои секогаш нешто се фрла. Наоѓајќи кеса со салата од зелка, Стојановиќ објаснува дека таа е "сосема безбедна за јадење, само треба да се јаде од средината." Бидејќи нема пари за цигари тој ги собира пикавците од земја. Откако ќе заврши со собирање храна за дента, тој оди во неговата омилена црква. Воопшто не влегува во неа, туку седи надвор. Една од работите со кои најмногу се гордее е дека не проси, туку дека се што му треба го наоѓа на улица.

 

 

На почетокот сосема нормално му било страв да спие на гробишта, сега најмногу му е страв кога излегува од гробницата случајно да не извади од памет некој од посетителите.

12 февруари 2013 - 18:07