Панеленското социјалистичко движење (Пасок) доминираше на грчкатааполитичка сцена откако дојде на власт, во 1981-ва година.
"Денеска е тешко некому да му објасниш дека го поддржуваш Пасок," вели една студентка за БиБиСи. "Тој збор звучи некако валкано".
Партијата денеска се одржува во живот благодарејќи на тоа што влезе во владеачката коалиција но ретко кој очекуваа таа да успее да ја воскресне старата слава.
Пасок денеска во Грција ја има улогата на главен виновник за сè лошо што се случуваше во земјата во последните 40 години а пред извесно време кулминираше со сеопшта криза..
А во златното партиско време на Андреас Папандреу уживаше поддршка на половина електорат. "Папандреу беше генијалец а нашата врска со Пасок беше речиси љубовна. Го сакавме тој сон за слобода и подобра иднина," вели Сифис Валиракис, еден од основачите на партијата кој денеска е разочаран од оствареното.
Пасок ја модернизираше Грција, ја внесе во Европа, ја збогати а потоа ја упропасти со лошо водење. Денеска тоа е банкротирана земја во која царува корупцијата и клиентелизмот кој асоцира и на Пасок и на Неа Демократија.
"Пасок не може да биде виновен за сите лоши работи но како доминантна партија во голем период, сега ја стигнува казната", оценува еден политички аналитичар.
Веројатно најголемиот грев е создавањето на огромниот монструм наречен јавен сектор кој креираше десетици илјади нови работни места кои главно беа пополнувани со партиски фанови.