Нарачајте црква, таа ќе дојде кај Вас

+ Кога српското православно битие ќе се спои со претприемачкиот дух на новото време се добива досетлива верзија на приказната за Мухамед и брегот - монтажна црква за двор која ти ја носат на камион.

+ Во категоријата "Бавчи и дворови", на сајтот Од игла до Локомотива се нуди мобилна црква од гранит, тешка само 5 тона. Димензиите и се 5,2 на 2,4 метри, висока е 2,4 м., има мозаик од мермер, купола обложена од гранит и фасада од природен камен. Има и камбана и икони.

+ Производителот дозволува можност и за објект кој се изработува по желба на нарачателот.

+ Во описот на овој суптилен ИКЕА додаток за двор стои вака:

+ "Колку и да звучи необично – вистина е. На нашиот сајт од неодамна постои монтажна црква која со камион може да се пренесува од локација до локација, а само еден час по истоварот, може да служи за својата цел. Таа е наменета првенствено за места оддалечени од матичната црква, но може да ја купи и поединец, за себе или како подарок за мештаните. Со благослов на нашата црква, купецот може да ја именува по сопствена желба. Нарачајте црква и таа ќе дојде кај Вас.

+ Ако сакате да запросите девојка и да и понудите венчавка на место кое е со километри далеку од црквата, на идната млада, гостите, кумовите и свештеникот донесете им црква".

9 март 2013 - 11:51