Како што анализираат од економистите, очекувањата на кредиторите на Грција за спасување на економијата и избегнување на банкрот се комплетна заблуда, дури и во услови на најоптимално распоредување на позајмицата.
"Нивните проекции за способноста на Грција да спроведе економско закрепнување додека во исто време е под огромен долг и уште посурови мерки на штедење се крајно нереалистични," објаснуваат аналитичарите.
Според нив, владата не може да очекува да има исти приходи од данок во години кога ги крати трошоците, бидејќи основниот БДП ќе биде сериозно намален.
Ако година за година тие продолжат со кратењето на трошоците, тие само ќе ги натрупуваат загубите.
Грција уште ги чека парите од "тројката" - ЕУ, Европската Централна банка и ММФ.