Проектот имал повеќе продуценти од целата поранешна држава, како и странски ко-продуценти и актери, меѓутоа по долгогодишни преговори тој конечно станува сопственост на извршниот продуцент на филмот - Јадран Филм.
"Од распадот на Југославија многу го присвојуваа филмот, го прикажуваа без мое знаење и го продаваа, а ни јас ниту моите соработници никогаш не сме добиле пари за тоа," изјави режисерот на филмот, Вељко Булајиќ, кој порача дека досегашната дистрибуција на филмот низ кина и на телевизии, најчесто е правена незаконито.
Битката на Неретва е снимена во 1969-та и преставува еден од најскапите филмски проекти на југословенската кинематографија. Во филмот освен најголемите тогашни југословенски филмски ѕвезди се појавуаат и Јул Бринер, Сергеј Бодарчук, Орсон Велс и Франко Неро. Тој беше номиниран и за Оскар за Најдобар странски филм.