Koj e Николаос Михалолиакос?

Николаос Михалолиакос, години 55, занимање нео-нацист. Еден вообичаен работен ден во неговиот живот се приближи кон крајот....

Во акција на грчката анти-терористичка полиција уапсени се 20 функционери на неонацистичката партија Златна Зора, меѓу кои четворица членови на парламентот како и лидерот на партијата Николаос Михалолиакос. Најавени се и нови апсења на уште неколку десетина членови на партијата која ја шокираше европската демократкса јавност освојувајќи 7 проценти од гласовите на последните парламентарни избори со што и припаднаa 18 пратенички местa.

Ова е прв случај на апсење пратеници по падот на воената хунта во 1974 година.

Николаос Михалолиакос има 55 години а политички се ангажира уште на 16 годишна возраст, зачленувајќи се во националистичката партија на Констатинос Плеврис, "4-ти август". 

Првпат е апсен во 1974-та година на насилните протести пред британската амбасада во Атина а потоа и за напад на новинар но подоцна е ослободен од технички причини. Во затворот се запознава со лидерите на грчата воена хунта.

Подоцна влегува во армијата и станува командос на специјалните сили. Но, набргу повторно бива уапсен за поседување нелегално оружје и експлозив, добива една година затвор и бива отпуштен од војска.

Математичар по образвоание, женет е со Елени Зарулиа, исто така членка на Златна Зора со која имаат ќерка која веќе е апсена за учество во нереди.

По фрапантниот успех на изборите, првата изјава на Михалолиакос беше:

Дојде време за страв. Страв за предавниците на татковината.

Интервју на Михалолиакос за грчка телевизија во која го негира постоењето на гасни комори.

На секој Евреин кој моментално живее во Грција постојат 100 Грци кои гласале за Златна Зора.

 

28 септември 2013 - 13:40