Во 2011-та година, во Грција биле изведени 142.394 естетски корекции. Тоа значи дека секој 79-ти жител не бил задоволен со својот изглед. Во Германија тоа го прави секој 200-ти граѓанин.
Во Европа Грција неприкосновено го држи овој рекорд а во светски рами е само после Јужна Кореја.
Најпопуларни зафати кај нашите јужни соседи се липосукција, ставање импланти, хируршко освежување на очите и третмани со ботокс.
Добар дел од популарноста на естетската хирургија се должи е на фактот што овие услуги последниве години поефтиниле за 40-тина посто.
Истовремено, во последниве 4 години јавниот буџет за здравствотто беше намален за повеќе од една третина. Се проценува дека денес 35 просто од Грците немаат здравствено осигурување.