Весникот Данас во својата анализа работи со податоците од банката Интеса, каде во изминатите 30 дена 8.600 клиенти регистрирале сметка на Пејпал.
Од нив (бројките се само за една банка) направени се 6.400 трансакции со вкупен износ од 160.000 евра, или во просек по 19 евра од трансакција.
Доколку се пресмета бројот на заинтересирани клиенти на Интеза за Пејпал, во споредба со вкупниот број на картички што ги имаат клиентите на банката, ќе се добие дека на ниво на Србија до сега околу 41.000 граѓани имаат отворено Пејпал сметки.
И покрај официјалното воведување на сервисот, тој се уште е "еднонасочен," односно граѓаните со него можат само да плаќаат услуги, а не можат да добиваат пари. Проблемот останува и покрај посетата на Дачиќ на седиштето на Пејпал во САД.
Главниот проблем е во законодавството на Србија, кое им оневозможува на граѓаните да префрлаат пари едни на други.