Србија ги преброи парите од гастарбајтери

Минатата година во Србија пристигнале 2,73 милијарди евра од дијаспората, не како директни инвестиции туку како пари за семејството.

Сумата изнесува 10% од БДП-то на земјата во 2012-та, а според бројот на жители на Србија излегува дека секој заработил по 384,1 евро од парите од гастарбајтерите.

Ова е сума која пристигнала во земјата само преку официјалните банкарски сметки и трансакции, а во неа не се влезени парите што доаѓаат во коверт, по автобус или што гастарбајтерите им ги оставаат на своите роднини кога доаѓаат во земјата.

Според пресметките на Светската банка во Србија од 2000-та до 2010-та од иселеници пристигнале околу 43 милијарди долари, што е 2 пати повеќе отколку парите што се влезени како директни странски инвестиции.

15 април 2013 - 10:41