Кум нè заеба: Брзо го надминавме Белград. Сакавме нешто големо и да влеземе во историјата на светскиот криминал. Бевме млади и наивни, мислевме дека никој пред нас не успеал да ограби швајцарска банка. Се надевавме дека заради тоа ќе влеземе во сите книги и холивудски филмови, бидејќи тогаш не беше снимен ни Кум (Кристијан е роден 1969-та, првиот Кум има премиера во 1972-ра). Меѓутоа во Италија не' бркаа карабинери, се разделивме на две страни и Легија ја утна Швајцарија и заврши во Франција. Кога уби некој вратар на дискотека и заврши во затвор, тој се извади со одење во Легијата на странци. Меѓутоа тој одамна се палеше да стане легионер, и ми збореше дека таму се правите "есесовци."
Треба да се докаже на домашен терен: Тогаш со другарите влетав во дискотеката на хотелот "Мажестик" и почнав да пукам, додека Аркан и останатите великани на мафијата панично исполегнаа на патос. Беше само прашање на ден, кој кого ќе убие: јас Аркан или тој мене. Меѓутоа кога се најдов во тесно и кога избегав преку прозор на белградската палата на правдата, тој дојде каде што се криев и ми збореше да престанам да се дружам со секакви Индијанци, бидејќи тој е мојот најголем пријател, бидејќи и тој во младоста на сличен начин избегал од судница во Гетеборг.
Наши слатки игри: Влегов во некоја кафана и видов на маса двајца ликови како зборат и пијат пиво. Помислив дека ме местат и дека може ме следат, кога од никаде зад мене се појави владика во мантија. Прво помислив дека некој се маскирал за да ме нападне, меѓутоа кога го чув како вели "Криле, брате," знаев дека е Легија. Кој ќе застане поп на улица? Во тоа време Легија се маскираше како полицаец, ѓубреџија со метла, клошар...
Легија криел од Криле: За Славко Чурувија не ми кажа ниту збор, ама од друга страна чув дека неговите убијци се раскасапени на парчиња. Искрено, малку сум разочаран кога Легија го кажа сето ова за убиството на Чурувија, бидејќи не верувам дека сето ова го призна без некакви повластици.
И крадењето ли е криминал: Судијката рече дека не сум имал олеснителни околности заради моето криминално минато. Па дали е криминал тоа што во минатото сум им лупал шамари на криминалците, или што заради Легија избодев човек? Додека бев во Грција, купив украден телевизор и за тоа добив осум години. Единствено што признавам дека сум правел во Грција е продажба на оружје на црно.
Чист како солза: Срам ми е и се каам што си дозволив на себе да бидам во ваква бранша. Никогаш во живот не сум пиел кафе, алкохол, ниту сум запалил цигара, а камоли да пробам хероин. Сакам да бидете милосливи и без предрасуди... Презирам наркомани и дилери! Би сакал да се избрише дека сум продавал дрога на деца на кои претходно сум им зборел дека не треба да се дрогираат.
Револуционер во бегство: Не сакав да дилам за полицијата и да убивам за тајните служби. Бев бескомпромисен и не сакав да соработувам со нив. Кога би раскажал се она што знам, тоа би било сензационално. Да е секој криминалец барем 10 проценти на мене, овој град би мирисал на цвеќе. Јас сешто сум работел во животот, ама со дрога никогаш не сум се занимавал. Затоа сум лут противник на полицијата! Доволно сум и важен на оваа држава за да ми наместат вакво нешто. Своевремено влегов во судир со еден политички важен човек.
Мандела во најава: Ми нудат да ја водам Фарма со Огнен Амиџиќ. Исто така деновиве работам на ново дете. Не се плашам од враќање во затвор. Луѓе, јас не се плашам од никој освен од Бога. Па мене да ме вратат во затвор, јас ќе бидам новиот Нелсон Мандела.
Виршли и книги: Купив две машини за хот-дог кои ги ставив кај Зоолошката градина во Белград. Планирав да напишам и книга, и да направам изложба од која сите би биле фасцинирани... Исто така имав и понуда да им бидам кондиционен тренер на кошаркарките од Крагуевац.
извор: е-новине
Посебно внимание да се обрати на интервју со Кристијан од 27.12. 2013-та